Ископан е вториот по големина дијамант во светот

Од:

Боцвана објави дека огромен дијамант од 2.492 карати е откопан во рудник и дека денеска ќе биде изложен на јавноста.

Во соопштението се наведува дека тоа е најголемиот дијамант некогаш откриен во таа земја и втор по големина изваден од рудник.

Канадската рударска компанија Лукара Дајмонд објави дека пронашла „исклучителен“ груб дијамант од рудникот Карове во западна Боцвана. Компанијата вели дека станува збор за „висок квалитет на камен“ и е пронајден недопрен со помош на технологијата за рендген.

Со тежина од 2.492 карати, тој би го направил најголемиот дијамант пронајден во последните 100 години и втор по големина ископан досега по дијамантот Кулинан откриен во Јужна Африка во 1905 година. Кулинан имал 3.106 карати и бил исечен на скапоцени камења, од кои некои се дел од накитот на британската круна.

Покрај тоа, црн дијамант бил откриен во Бразил кон крајот на 1800-тите, но бил пронајден на површината и се верува дека бил дел од метеорит.

Боцвана е вториот по големина производител на дијаманти и во последните години ги ископа сите најголеми камења во светот, пренесува АП.

Пред ова откритие, дијамантот Севело, кој беше пронајден во рудникот Карове во 2019 година, беше признат како втор по големина ископан дијамант во светот со 1.758 карати. Го купила француската модна куќа Луј Витон за необјавена сума. Дијамантот Леседи Ла Рона од 1.111 карати, исто така од рудникот Карове во Боцвана, бил купен од британски златар за 53 милиони долари во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Бараат да им го вратат дијамантот: „Срамно сме сиромашни и со криминалци, виновни се Кралицата и нејзините предци“

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Шри Ланка откриен најголемиот сафир во светот, тежок 310 килограми

Ана Ололовска

Индиски селанец ископа дијамант и преку ноќ стана милионер

Ана Ололовска

Боцвана: Ископан третиот најголем дијамант во светот

Ана Ололовска