Исчезна оригиналниот документ со кој е прогласена „смрт“ на СССР

Од:

Поранешниот белоруски претседател Станислав Шушкевич изјави дека за време на работењето на своите мемоари открил дека историскиот документ со кој е прогласена смрт на СССР исчезнал од архивите.

Претставници на белоруската Влада и сојузот на поранешни советски држави потврдија дека располагаат само со копија на тој документ.

Шушкевич на 8 септември 1991 година беше домаќин на рускиот претседател Борис Елцин и на украинскиот претседател Леонид Кравчук на тајни разговори одржани во државната ловечка резиденција, во близина на местото Вискули.

Државничкото трио потпиша спогодба во која стои дека „СССР престанува да постои како субјект на меѓународното право и геополитичката реалност“, со што стави точка на напорите на претседателот на СССР Михаил Горбачов да одржи единство на државата.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија