Иранските власти го поздравија гласањето во Советот за безбедност на ОН

Од:

Иранските власти денеска го поздравија гласањето во Советот за безбедност на ОН, со кое беше отфрлена американската резолуција за проширување на ембаргото за продажба на оружје за Иран, што истекува во октомври.

„Америка никогаш не била толку изолирана во 75-годишната историја на ОН“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави на Твитер, откако само две од 15-те членки на Советот за безбедност гласаа за резолуцијата на САД.

Министерот за надворешни работи на САД, Мајкл Помпео, го оцени отфрлањето на резолуцијата на САД како „непростлив“ неуспех на Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава