Генералниот обвинител на Иран Голам Хосеин Мосхени-Еџеи изјави дека Врховниот суд ги потврдил смртните пресуди на четири лица, поврзани со банкарска измама за 2,6 милијарди долари.
Четворицата осудени биле прогласени за виновни за корупција и нанесување штета на иранската економија. Врховниот суд наредил пресудите да бидат извршени, но засега нема определен датум.
Двајцата банкарски службеници биле осудени на доживотен затвор, а други 19 лица, речиси сите државни службеници, добиле казни од две до 20 години лишување од слобода.
Случајот беше определен како најголема финансиска измама во историјата на Иран.