Иранскиот танкер го напушти Гибралтар

Од:

Иранскиот танкер „Грејс 1“ отплови од Гибралтар, еден ден откако властите во оваа британска територија на југот на Пиринејскиот полуостров одлучија да го ослободат, јавија британските медиуми.

„Грејс 1“ беше запленет на 4 јули под сомнение дека превезува сурова нафта за Сирија, со што ги прекршил санкците на Европската унија за оваа земја.

Врховниот суд на Гибралтар вчера одлучи да го ослободи супертанкерот бидејќи доби официјални писмени гаранции од иранската Влада дека нафтата нема да заврши во Сирија.

Би можело да ве интересира

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

САД воведоа нови санкции кон Иран

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет