Иранскиот Парламент ги поддржа дипломатските напори на претседателот Рохани

Од:

Иранскиот Парламент ги поддржа дипломатските напори на претседателот Хасан Рохани во ОН, за намалување на недовербата во подготвеност за соработка од страна на Техеран.

Посетата на Рохани во Њујорк во минатата недела резултираше со историски телефонски разговор со претседателот на САД Барак Обама.

Двесте и триесет од вкупно 290 пратеници во Парламентот потпишаа декларација во која го поддржуваат начинот на кој Рохани ја претставил државата која „се стреми кон преговори и заемно дејство за решавање регионални и меѓународни прашања“.

Претседателот на Парламентот Али Лариџани го поздрави говорот на Рохани во ОН, но не спомена за телефонскиот разговор со Обама. Лариџани е лидер на конзервативно движење во Иран.

Според западни медиуми, поддршката од Парламентот кој е под влијание на фракции лојални на врховниот лидер Али Хамнеи е нов сигнал дека акциите на Рохани се одобруваат од врвот на официјален Техеран. Хамнеи досега не коментираше за посетата на Рохани во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ