Иранскиот ајатолах Али Хамнеи вети одмазда за убиството на Фахризадех

Од:

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска дека Иран ќе се одмазди за убиството на научникот, Мохсен Фахризадех, шеф на иранската програма за нуклеарно оружје и најави дека ќе продолжат нуклеарните истражувања во земјата.

Британските медиуми јавуваат дека Хамнеи изјавата ја објави на својот налог на Твитер, еден ден откако Фахризадех беше убиен во заседа во близина на иранската престолнина Техеран.

Си-Ен-Ен утринава навести дека оваа ликвидација може да предизвика нова ескалација на тензиите и конфронтација меѓу Иран и неговите противници во последните неколку недели од мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително ќе ги отежне напорите на новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да го заживее процесот на детант, што беше инициран од администрацијата на Барак Обама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран: Тестиравме моќна балистичка ракета со дострел од 2.000 километри

Ана Ололовска

Кинески државјанин во Америка обвинет за кршење на санкциите бидејќи му помагал на Иран

Американците сакаат да го зајакнат своето присуство во Персискиот залив, планот ќе го објават наскоро

Ана Ололовска

Двајца мажи обесени во Иран поради навреда на исламот и богохулење

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени: Млад фудбалер падна и почина на терен

(ВИДЕО) Иранските командоси скокнаа од хеликоптер на танкер што превезуваше американска нафта