Иран денеска испрати разорувач од домашно производство во Касписко Море, што е прво иранско тешко оружје во морето богато со нафта, јави иранската државна телевизија.
Разорувачот „Џамаран-2“ се наоѓа во каспиското пристаниште Анзали, околу 250 километри северозападно од Техеран.
По завршените тестови бродот во следните месеци ќе биде дел од морската флота во Касписко Море.
Разорувачот е тежок 1.400 тони, има писта за слетување на хеликоптери, ракети земја-земја и земја-воздух, како и противавионска батерија и софистицирани радарски и комуникациски терминали.