Иранската опозиција во егзил открива нов таен објект од нуклеарната програма на Техеран

Од:

Иранската опозиција во егзил денеска објави дека добила сведоштва за нов таен објект за развивање на нуклеарната програма на Иран, кој наводно се наоѓа во близина на Дамаванд, во провинцијата Техеран.

– Организацијата на иранските народни муџахедини една година собирала информации за објектот од педесетина извори од режимот, се посочува во соопштението на Националниот совет на иранскиот отпор, каде членуваат и Народните муџахедини.

Националниот совет, чие раководство има седиште во Париз, е главната организација на иранската опозиција во егзил.

Организацијата на иранските народни муџахедини тврди дека објектот е нов центар за нуклеарни активности, кој се наоѓа во тунели под планината во околината на градот  Дамаванд, северно од Техеран. Изградбата на објектот почнала во 2006 година и неодамна била завршена првата фаза – копање тунели, четири магацини во внатрешната зона, опремување на објектот и изградба на патишта до објектот.

Во втората фаза, што почнала неодамна, предвидено е изградба на 30 тунели и 30 магацини. Опозицијата посочува дека новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани, поранешен главен преговарач за нуклеарната програма на Техеран имал „клучна улога во реализација на програмата“.

Портпаролот на Меѓународната агенција за атомска енергија истакна дека МААЕ ќе ја проучи доставената информација. Сведоштвата ќе бидат разгледани и од Министерството за надворешни работи на Франција.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он