Иранец преживеал егзекуција, го чека втора кога ќе се опорави

Од:

Триесет и седумгодишниот Алирез М од Иран кој беше осуден на смртна казна, чека да биде обесен по втор пат, бидејќи за чудо ја преживеал првата егзекуција.

Минатата среда иранските власти во затворот Боџнурди ја извршиле смртната казна и по дванаесетина минути трговецот со дрога бил прогласен за мртов.

Меѓутоа кога наредниот ден, дошло неговото семејство за да го преземе телото, забележале дека тој диши и го пренеле во болница.

Еден од членовите на семејството за иранските државни медиуми потврдил дека кога семејството разбрало за егзекуцијата, дошло за да го земе телото на Алирез и да го подготви за погреб.

-Неговите две ќерки многу се израдуваа кога видоа дека убиениот е жив – изјави роднината на Алирез.

Осудениот сега се наоѓа во болница, во придружба на вооружени лица, кои чекаат да се опорави, за да повторно го обесат, пренесе „Дејли мејл“.

-Пресудата е смртна казна и таа ќе биде извршена кога човекот ќе се опорави, рече официјално лице од обвинителството.

Најмалку 200 лица се егзекутирани во Иран откако во јуни на власт дојде новиот претседател Хасан Рохани.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он