Неколку стотици илјади луѓе излегоа денеска низ улиците на Техеран и другите ирански градови по повод 34-годишнината од Исламската револуција, во која од власт бил соборен шахот Мухамед Реза Пахлави, кој бил поддржуван од САД.
Учесниците на собирот во Техеран, извикувајќи „смрт за Израел“ и „смрт за Америка“, се движеле кон главниот плоштад каде иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад требал да одржи говор.
Странските новинари во главниот град биле строго надгледувани, а им било дозволено да ги следат случувањата исклучиво од места кои биле официјално предвидени за тоа.
Со собири е одбележан 11 февруари, кога војската прогласила солидарност со народот, завртувајќи му го грбот на шахот Мухамед Реза Пахлави. Десет дена претходно Хомеини триумфално се вратил од егзил во Франција, со цел да ги предводи револуционерите во борбата за власт.