Иран: Во Сирија е користено хемиско оружје

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рухани изјави дека во Сирија е користено хемиско оружје за убивање луѓе и ја повика меѓународната заедница да реагира.

Техеран, кој дава поддршка на сирискиот режим, претходно ги обвини сириските бунтовници дека стојат зад наводните напади, додека сириската опозиција тврди дека силите на режимот на претседателот Бараш Ал Асад во среда убиле речиси 1.000 цивили.
-Многу невини лица настрадаа и се повредени во Сирија. Тоа е голема несреќа-изјави Рухани, кој неодамна победи на претседателските избори во Иран.

Сириската власт ги отфрли обвиненијата дека користела боеви отрови, а иранскиот министер за надворешни работи изјави дека зад наместените напади стои бунтовничка група.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он