Иран уапси новинар на опозициска телевизија: „Тој е агент кој ја клевети државата“

Од:

Иранските сили уапсија новинар од опозициската телевизија „Иран интернешнл“ додека се обидувал да побегне од Иран, објави иранската новинска агенција Фарс, нарекувајќи го новинарот „агент“.

Уапсениот е новинар на телевизијата, чие седиште е во Лондон, а емитува програма на персиски јазик.

Според Фарс, уапсениот новинар е „агент кој извршил бројни активности и дејствија со кои се клевети Исламска Република. Тој ги повика младите на бунт и создаде терор помеѓу луѓето“.

Иран верува дека Саудиска Арабија стои зад опозицискиот медиум, кој ги следи протестите што почнаа на 16 септември по смртта на младата Курдка, Махса Амини.

Шефот на иранската разузнавачка служба Есмаил Хатиб во вторникот ја нарече споменатата телевизија „терористичка“ организација, додека вчера го предупреди Ријад дека нема гаранција колку Техеран ќе биде „стратешко трпелив“ со својот регионален ривал.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он