Иран денеска претстави нова ракета „Каибар“ со дострел од 1.450 километри, што значи дека може да достигне до две американски бази во регионот и до Израел, јави иранската телевизија.
Се наведува и дека ракетата има висока прецизност, дека е целосно произведена во Иран и може да пробие противракетни системи.
Сепак, оваа информација не е потврдена од независни извори. Најблиската цел во Израел е оддалечена околу 1.000 километри. Иран веќе има ракети кои можат да достигнат до 2.000 километри.
Извор: МИА