Иранската Револуционерна гарда, соопшти дека денес собориле беспилотно летало на југот на земјата за време на својата воена вежба.
Официјалната иранска новинска агенција ИРНА ја пренесе изјавата на генерал Хамид Шархели кој рече дека една негова единица фатила сигнал од едно од леталата во близина на иранскиот воздушен простор.
Армијата потоа го соборила леталото во близина на градот Сирџан, каде што се одржуваа тридневни воени вежби, и каде имаше тестирање на иранските беспилотни летала, вклучувајќи ги и оние со самоуништување.
Генерал Шархели, кој е портпарол на Републиканската гарда, не навел дали собореното летало е американско, но само рекол дека е “непријателска”.
Иранската армија досега во неколку наврати соопштуваше дека урнувала беспилотни летала над нејзината територија, вклучувајќи го и најнапредниот американски модел “RQ-170 Сентинел”.