Иран ќе се одмазди за атентатот на полковникот на Револуционерната гарда кој беше застрелан во Техеран, предупреди претседателот Ебрахим Раиси.
– Инсистирам на сериозен прогон (на убијците) од безбедносните сили и не се сомневам дека крвта на овој великомаченик ќе биде одмаздана, рече Раиси.
Полковникот Сајад Ходаи вчера беше застрелан пред својот дом од мотоциклист, а Иран за атентатот обвини „елементи поврзани со глобалната ароганција“, термин што се користи за САД и нивните сојузници, вклучително и Израел.
Извор: МИА