Иран: САД останаа без изговор за напад

Од:

Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Хусеин Амир Аболахијан рече дека, со постигнување на договорот за меѓународна контрола над сириското хемиско оружје, САД веќе немаат изговор за напад врз Сирија.

-Новата состојба значи дека всушност се отфрла секој изговор, САД или уште некои други држави да се ангажираат во воена акција против Сирија – изјави тој.

Ова беше првата реакција на Техеран, кој што е клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, на договорот за контрола на сириското хемиско оружје, кој што во Женева го постигнаа шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров.

Договорот предвидува Сирија во рок од седум дена да предаде список за оружјето кое што го поседува, а инспекторите најдоцна до ноември да излезат на терен, додека уништувањето на хемискот арсенал мора да заврши до средината на 2014 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он