На свечена церемонија во Техеран денеска беше претставен нов борбен авион од иранско производство, наречен „Кахир 313“.
На цереминијата присуствува голем број ирански официјални претставници, вклучитечно и претседателот Махмуд Ахмединеџад и министерот за одбрана Ахмед Вахиди.
Како што јави турската агенција Анадолија, новиот авион е опремен со современа технологија и има високи маневарски способности при борбени дејствија. Авионот може да лета на големи височини, а по потреба може да полетува и да слетува на кратки писти.