Иран предупреди САД да не ја надмине „црвената линија“

Од:

Иран денеска ги предупреди САД да не ја надминат „црвената линија“ во Сирија, истакнувајќи дека воена интервенција на Вашингтон во таа држава би имала „сериозни последици“.

-Доколку САД ја надминат црвената линија, ќе има сериозни последици по Белата куќа-изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Масуд Јазајери.

Иранското официјално лице ова изјава ја даде реагирајќи на изјавата на западните официјални лица за можна воена интервенција во Сирија, по тврдењето на сириската опозиција дека режимот во таа држава, во нападот во Дамаск, употребил хемиско оружје.

Американскиот претседател Барак Обама предупреди пред една година дека употребата на хемиско оружје во Сирија би претставувала надминување на „црвената линија“ со големи последици.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он