Иран не ги плаќал своите обврски кон Светската банка повеќе од шест месеци, што веројатно е уште еден знак за тешката состојба на иранската економија и недостигот на ликвидни средства поради санкциите, што се воведени кон оваа земја, соопшти синоќа СБ.
До 30 јуни Техеран и должел да институцијата 697 милиони долари. СБ поради неплаќањето на задолженијата го стави Иран на листата на платежно неспособни должници, што значи дека банката нема да му доделува нови кредити, додека не го реши овој проблем.
Во моментов Иран нема програма за кредитна поддршка со организацијата, а за последен пат таква помош искористил во 2005 година.
Единствена друга земја во СБ со статус платежно несособна е Зимбабве, која не ги подмирила своите обврски од 2000 година.