Иран потврди дека располага со 18.000 центрифуги за збогатување ураниум

Од:

Иран располага со околу 18.000 центрифуги за збогатување ураниум, од кои над 10.000 се активни, денеска изјави досегашниот раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран (ОАЗИ) Ферејдун Абаси Давани, потврдувајќи ги податоците објавени во мај од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија француските медиуми.

-На почетокот на месецот мордад (23 јули) имавме 17.000 центрифуги од првата генерација, од кои 10.000 работат, а 7.000 се подготвени да влезат во експлоатација, рече Давани, цитиран од домашните медиуми, при предавањето на своите овластувања на Али Акбар Салехи, кого новиот ирански претседател Хасан Рохани го назначи за нов директор на ОАЗИ.

„Инсталирани се, исто така, и околу 1.000 центрифуги од втората генерација, кои се подготвени да проработат“, дополни тој.

Во својот извештај во мај МААЕ сооопшти дека Иран има 17.600 инсталирани центрифуги, а 16.590 се од прва генерација, додека 1.000 од втора.

САД и сојузниците стравуваат дека Иран се обидува да создаде нуклеарно оружје, а Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има мирновремена намена, потсетуваат агенциите.
Новиот претседател Рохани се залажи за политика на умереност и намалување на напрегнатоста во односите со меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Ајатолахот за прв пат проговори по израелскиот напад: Не го познаваат Иран, ќе ги натераме да разберат