Иран потврди дека Али Лариџани е убиен

Од:

Врховниот секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, е убиен, потврдија иранските медиуми, повикувајќи се на соопштение од неговата канцеларија.

Секретаријатот на Врховниот совет за национална безбедност во соопштението соопшти дека Лариџани е убиен заедно со неговиот син Мортеза Лариџани, објави BBC Persian.

Израелската војска претходно денес соопшти дека Лариџани и командантот на доброволната паравоена сила Басиџ, Голамреза Солејмани, се убиени во израелски воздушен напад врз Иран во текот на ноќта.

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) ја потврди смртта на Солејмани во текот на денот.

Се верува дека Лариџани е де факто лидер на иранскиот режим од атентатот врз тогашниот врховен лидер Али Хамнеи на 28 февруари.

Тој со години се сметаше за една од највисоките и најискусните личности во раководството на иранскиот режим и беше доверлив човек на Али Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски

Иран: Барањата на Американците се нереални, ние не брзаме никаде

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пропаднаа преговорите: Американците си заминаа, Иран обвинува за неразумни барања