Потезите на САД за укинување на санкциите кон Иран се добри, но недоволни, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир – Абдолахијан, неколку часа откако Вашингтон објави дека ги укинува санкциите кои се однесуваат на иранската цивилна нуклеарна програма.
Како што пренесува новинската агенција ИСНА, американските потези се случуваат во момент кога преговорите за обновување на договорот од 2015 година меѓу Техеран и светските сили за иранската нуклеарна програма се во напредна фаза, а главното прашање е ублажување на санкциите.
„Укинувањето на некои санкции може, во вистинска смисла на зборот, да се објасни со нивната добра волја. Американците постојано зборуваат за тоа, но треба да се знае дека тоа што е напишано во документот е добро, но во исто време недоволно“, изјави министерот Амир – Абдолахијана.
Американскиот Стејт департментот во петокот соопшти дека ги укинува санкциите за цивилната нуклеарна програма на Иран како технички потег потребен за враќање на Заедничкиот сеопфатен акциски план од 2015 година.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од тој договор во 2018 година и повторно воведе санкции кон Иран, што ја натера исламската република постепено да престане да ги почитува своите обврски од договорот.
Цивилната програма на Иран е да ги зголеми резервите на збогатен ураниум.
Извор: МИА