Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека Иран е подготвен за размена на затвореници со САД.
– Подготвени сме и веќе неколку пати го објавивме тоа. Подготвени сме тоа да се случи дури и независно од нуклеарниот договор, изјави портпаролот на иранското МНР.
Но, тој додаде дека САД досега не покажале волја да соработуваат за ова прашање.
Во моментов во иранските затвори има неколку западни државјани, од кои повеќето имаат двојно државјанство и се обвинети за дела како шпионажа и загрозување на националната безбедност. Меѓу нив има и двајца американски државјани кои поседуваат и ирански пасоши и се држат во злогласниот затвор Евин речиси седум години под обвинение за шпионажа.
Извор: МИА