Иран подготвен за преговори штом ќе се состави нов тим

Од:

Иран ќе биде подготвен да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со светските сили, штом новоизбраниот претседател Хасан Рухани ќе состави преговарачки тим, соопшти денеска иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.

Салехи ова го изјави во Брисел, по средбата со претставници на шест земји кои минатата година повторно покренаа преговори со Иран за контроверзната нуклеарна програма на земјата.

Западот стравва дека целта на Иран е да направи нуклеарно оружје, додека Иранците инсистираат дека нивната нуклеарна програма служи исклучиво за мирни цели.

Кетрин Ештон, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, истакнува дека преговарачката група, составена од пет постојани членки на Советот за безбедност и Германија – сака да ги продолжи преговорите „што е можно побрзо“.

Четири рунди преговори одржани од минатата година досега не дале значајни резултати, а за нивното продолжување не е одреден датум.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он