Иран денеска почна воена поморска вежба во стратешки значајниот Ормутски теснец, во Персискиот Залив, што ќе трае шест дена.
Командантот на морнарицата Хабиболах Сајари изјави дека станува збор за маневар „Велајет 91“, кој има за цел да ја демонстрира воената способност на иранската армија.
Сајари истакна дека вежбите ќе траат до среда и дека ќе бидат организирани на простор од милион квадартни километри во Ормутскиот теснец и северниот дел на Индискиот Океан.
– Цел на маневарот е да се покаже воената способност на оружените сили во одбрана на иранската граница, како и да испрати јасна порака за мир и пријателство кон соседните земји, изјави Сајари.
Според него во маневарот ќе бидат ангажирани ракетни одбранбени системи на морнарицата, борбени авиони и подморници, како и дека ќе бидат изведени патролни и извиднички вежби.