Иран отвори центар за вселенско набљудување, изјави иранскиот министер за одбрана, генералот Сардар Ахмад Вахиди и појасни дека центарот постојано ќе ги следи објектите кои се движат во Вселената и оти е подготвен да споделува информации со други земји.
На отварањето на центарот присуствуваше иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Центарот се наоѓа во близина на градот Делиџан, на околу 200 километри јужно од Техеран.