Иранските нуклеарни постројки и хидроцентрали се добро заштитени од сајбер напади дури и од најсилните земјотреси- изјави во Женева официјалното лице за заштита на човековата околина на Иран, Мохама- Џавад Мохамадизадех.
Единствениот нуклеарен реактор во Бушер не е оштетен од минатомесечниот земјотрес, кога загинаа 37 лица, а 850 беа повредени, соопштија ирански официјални лица и руската компанија која ја градеше нуклеарката.
Иранската Организација за атомска енергија само неколку часа по земјотресот најави дека ќе бидат изградени нови реактори и покрај тоа што државата се наоѓа на подрачје на кое земјотресите не се реткост.
-Поголем број од нашите електрани , вклучувајќи ја дури и нуклеарната можат да издржат потрес од најмалку осум до десет степени според Рихтеровата скала- изјави Мохамадизадех за „Ројтерс“ и додаде дека во текот на изградбата се почитуваат стандардите за безбедност и заштита н ачовековата околина.
Елена Георгиевска