Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Од:

Иран му соопшти на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека Техеран ќе ги смета базите, објектите и средствата на „непријателска сила“ во регионот за легитимни цели доколку се соочи со воена агресија.

Во соопштението испратено до Гутереш се вели дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран „сигнализира реален ризик“ од воена агресија, додека во исто време наведува дека Иран не сака војна, објави Ројтерс.

„Иран ќе одговори решително доколку биде изложен на воена агресија“, се вели во писмото, објави Танјуг. САД го зголемија своето воено присуство во регионот поради можноста за американски напади врз Иран, кои веќе се случија во јуни минатата година, кога беа нападнати ирански нуклеарни цели.

Би можело да ве интересира

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Ердоган му порача на Пезешкијан: Разговорите меѓу САД и Иран треба да се искористат максимално

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната