Иран нема да престане со збогатување ураниум поради барањата од странство, рече денеска високиот ирански претставник за нуклеарни прашања, најавувајќи тешки нови преговори со светските сили.
Западните сили сакаат Иран да прекине со збогатувањето ураниум до фузиона концентрација од 20 проценти, бидејќи тоа претставува значаен чекор близок до нивото кое е потребно за правење нуклеарна бомба.
Иран тврди дека му е потребен ураниум преработен до 20 отсто за да изведува медицински истражувања во реакторот во Техеран.
– Исламската република Иран нема да го прекине збогатувањето ураниум од 20 проценти поради барањето на другите, рече Ферејдун Абаси-Давани, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран.
Тој истакна дека Иран „ќе произведува 20 отсто збогатен ураниум за да ги задоволи потребите колку што ќе биде потребно“. Абаси-Давани не прецизираше што подразбира под „потреби“.
Западни дипломати изјавија дека Иран веќе произвел доволно гориво при што техеранскиот истражувачки реактор може да работи неколку години. Абаси-Давани претходно рече дека Иран планира да изгради уште еден истражувачки реактор.