Иран негира дека ја затворил границата со Ирачки Курдистан

Од:

Иранското Министерство за надворешни работи ги негираше информациите дека Иран ја затворил својата копнена граница со Ирачки Курдистан поради референдумот за независност што беше одржан во регионот минатиот месец.

– Како што беше наведено претходно, го блокиравме воздушниот простор кон северниот дел на Ирак по барање на централната Влада во Багдад. Иран не ги затвори пограничните пунктови со Ирак. Состојбата останува иста, нема измени, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми.

Минатиот месец Иран ги прекина летовите кон Ирачки Курдистан поради референдумот за независност и воените вежби кои беа спроведени на границата со северниот дел на Ирак.

Претходно денеска, иранските медиуми јавија дека Иран ја затворил границата кон Ирачки Курдистан, како одговор на референдумот за независност на овој автономен регион одржан на 25 септември.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава