[staff name=”Емир Латифовиќ” position=”Автор”][/staff]Иранското Министерство за надворешни работи најави дека Техеран би можел да им дозволи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да го посетат воениот објект Парчин.
Портпаролот на иранското МНР Рамин Мехманпараст истакна дека на претстојните разговори со инспекторите на МААЕ можно е да се постигне договор за посета на Парчин, за кој постои сомневање дека се изведуваат нуклеарни експерименти.
– Разговорите за посета на Парчин би можеле да бидат дел од договорот, посочи Мехманпараст.
Инспекторите на МААЕ треба да пристигнат утре во Техеран.