Иран ја затвори граница кон Ирачки Курдистан

Од:

Иран ја затвори границата кон Ирачки Курдистан како одговор на денешниот референдум за независност, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

– На барање на ирачката Влада ја затворивме нашата копнена и воздушна граница кон Ирачки Курдистан, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми.

Тој додаде дека референдум е „незаконски и нелегитимен“.

Во меѓувреме, и сириската Влада соопшти дека не го признава референдумот во Ирачки Курдистан.

– Ние во Сирија го признаваме само единствен Ирак и ги отфрламе сите процедури кои водат кон поделба на Ирак, изјави шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава