Иран ја предупреди Европа да ги нормализира економските врски или да сноси последици

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф денеска изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат трговските врски со Исламската Република, и покрај американските санкции или ќе се соочат со последиците.

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, којшто светските сили потпишаа во 2015 година, и повторно воведе сеопфатни санкции.

Франција, Велика Британија и Германија ја споделуваат американската загриженост за развојот на балистичките проектили и активностите во регионот, но застанаа во одбрана на Договорот, како најдобар начин за ограничување на иранската програма за збогатување ураниум, што претставува потенцијален пат кон развој на нуклеарно оружје.

– Европејците и дриугите потписници на нуклеарниот договор би требало да ги нормализираат економските врски со Иран… Ќе престанеме да ги исполнуваме обврските или ќе преземеме акции соодветни на нивните мерки, потенцираше Зариф.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он