Иранскиот министер за одбрана, Хусеин Деган, денеска потврди дека неговата земја тестираше нова ракета, но негираше дека со тоа е прекршена нуклеарната спогодба.
Деган изјави дека тестот не го прекрши договорот за нуклеарната програма кој Иран го потпиша со Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на локалната агенција Тасним.
– Тестовите се во согласност со нашите планови и нема да дозволиме странци да се мешаат во нашите безбедносни прашања, рече тој.
Официјален претставник на САД во неделата изјави дека Иран тестираше балистичка ракета од среден дострел, што експлодира по изминати 1.010 километри.