Иран ја поддржува иницијативата на Морси за кризата во Сирија

Од:

Иран ја поддржува иницијативата на претседателот на Египет, Мохамед Морси за ставање крај на сириската криза, изјави заменик министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир-Абдолахиан.

По состанокот со египетскиот шеф на дипломатијата Мохамед Камел Амр, Абдолахиан соопшти дека “Египет и Иран имаат исти став: единствено решение за Сирија е политичкото”, јави денеска египетската државна агенција МЕНА.

Потсетувајќи дека Морси претходно предложи “квартетот” – Египет, Иран, Саудиска Арабија и Турција, да работаат на решение на сириската криза, Абдолахиан рече дека ќе продолжи дијалогот во ист правец.

“Ги поддржуваме сите идеи за политичко решение”, рече Абдолахиан.

Амр предупреди дека “убивањето и разурнувањето што секојдневно се случува во Сирија ќе ја влоши ситуацијата во регионот” и во најдобар интерес на сите регионални сили е вложување повеќе напори за ставање крај на кризата што поскоро.

Во писмото од иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи, кое Абдолахиан му го предаде на Амр, истакнато е дека е потребно Иран да придонесе за постигнување на политичко решение за да се стави крај на крвопролевањето во Сирија.

Абдолахиан, кој допатува во Каиро во саботата, изјави дека разговорите со Амр биле корисни и повтори дека египетско иранските односи добро се развиваат.

Односите меѓу Египет и Иран беа прекинати 1979. година, кога Египет потпиша мировен договор со Израел, а постепено почнаа да се нормализираат во 2011 година, по падот на египетскиот претседател Хосни Мубарак.

Вчера полета првиот авион, по 34 години, од Каиро до Техеран.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина