Иран ја осуди резолуцијата за нуклеарната програма, се заканува со контрамерки

Од:

Иран ја осуди последната резолуција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и се закани дека ќе преземе контрамерки.

– Овој чекор на МААЕ не беше конструктивен и затоа ќе преземеме соодветни контрамерки, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан без да каже други детали.

Управниот одбор на МААЕ во четвртокот го обвини Техеран за недоволна транспарентност во однос на иранската нуклеарна програма и индиректно се закани дека ќе го свика Советот за безбедност на ОН. Резолуцијата за ова беше усвоена во Виена.

Амирабдолахиан рече дека резолуцијата е политички мотивирана и оти е создадена под притисок на САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он