Иран изнел доволно „тешка вода“ за да се смести во границите дозволиви со нуклеарната спогодба

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја уверува меѓународната јавност дека Иран изнел доволно „тешка вода“ за да се смести во границите, определени од нуклеарната спогодба од јули 2015 година, информира вчера дипломатски извор, цитиран од француските медиуми.

МААЕ ги информира државите членки дека „11 метрични тони тешка вода стигнале до својата крајна дестинација“, изјави изворот. На тој начин, согласно спогодбата Иран останува со помалку од максимално дозволивите 130 тони.

И покрај тоа што нуклеарната спогодба со групата „П5+1“ (САД, Франција, Велика Британија, Русија, Кина и Германија) на Иран му дозволи да ги нормализира своите односи со Запад, и натаму има тензии меѓу исламската република и нејзиниот регионален ривал Саудиска Арабија.

Иран ги отфрли обвиненијата на Саудиска Арабија за шпионажа, иако вчера во оваа земја 15 лица беа осудени на смртна казна заради соработка со иранското разузнавање.

-Саудиска Арабија не треба да упатува неосновани обвиненија против Иран со цел да добие политички бенефити и да ги зголемува тензиите во регионот, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Техеран, Бахрам Гасеми.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма