Иран: Имаме одговор за САД

Од:

Американските интереси ќе бидат загрозени доколку Вашингтон изврши напад врз Сирија, изјави денес претседателот на Одборот за надворешни работи на иранскиот парламент, Аладин Боруџерди.

Тој е во посета на Дамаск и нагласи дека се надева дека САД нема да преземат таква ирационална акција, имајќи ја во предвид состојбата во регионот.

Тој на новинарите во иранската амбасада во Дамаск им рече дека прашањата за безбедност во регионот се меѓусебно поврзани и дека САД не може да се закануваат на држава во тој регион и да очекуваат нивните интереси да не бидат загрозени.

-Доколку Америка направи некоја глупост, нашиот одговор ќе биде одлучен, предупреди Боруџерди, при тоа не прецизирајќи за каков одговор станува збор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он