Иран има повеќе збогатен ураниум отколку што му е потребно и планира за „тој вишок“ да разговара со западните сили за време на преговорите за нуклеарнатра програма, што треба да се одржат идната недела, изјави претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџан.
Тој посочи дека приближно 20 проценти збогатениот ураниум е наменет за производство на енергија, истражување и медицински цели.
Лариџан посочи и дека ја известил Меѓународната агенција за атомска енергија за вишокот збогатен ураниум.