Иран и Турција го осудија убиството на лидерот на Хамас

Од:

Иран и Турција денеска го осудија убиството на лидерот на Хамас во Газа, Исмаил Ханијe, нарекувајќи го неприфатливо политичко убиство што може да ја прошири војната на регионално ниво.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канаани изјави дека „крвта (на убиениот лидер на Хамас) не е залудно пролеана“.

„Мачеништвото на Исмаил Ханијe во Техеран само ќе ги зајакне длабоките и нераскинливи врски на Техеран, Палестина и отпорот“, рече Канани.

Турција го осуди убиството на Ханијe, близок до претседателот Реџеп Таип Ердоган, се во соопштението од Министерството за надворешни работи.

„Го осудуваме убиството на шефот на политичката канцеларија на Хамас, Исмаил Ханије, во одвратен чин во Техеран“, напиша Министерството, оценувајќи дека „овој напад има и за цел да ја прошири војната во Газа во регионална димензија“.

Турското министерство исто така соопшти дека нападот покажува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема намера да постигне мир.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас остро го осуди убиството. Палестинските фракции повикаа на генерален штрајк и масовни демонстрации по убиството на Ханија.

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије е убиен денеска во Иран, објавија во одвоени соопштенија палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Хамас повторно нуди ослободување на заложниците за да се стави крај на војната во Газа

А1он

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор