Иран и претставниците на меѓународната „шесторка“ се договорија да ги забрзаат преговорите за иранската нуклеарна програма, со цел постигнување договор во рок од една година, изјави синоќа во Њујорк иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.
– Се договоривме да го забрзаме процесот, така што прво ќе ги договориме параметрите на спогодбата, а потоа ќе стигнеме и до нејзиното потпишување. Се надеваме дека тоа ќе се случи за една година, рече Зариф по неговата средба со министрите за надворешни работи на земјите од „шесторката“, што ја спчинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија.
– Сметав дека сум преамбициозен, дури и наивен, но утврдив дека некои од моите колеги се уште поамбицирани и сакаат да дејствуваме побрзо, додаде иранскиот шеф на дипломатијата.
Тој, како што јави ИТАР-ТАССм нагласи дека на преговорите со „шесторката“ Иран има намера целосно да го докаже мирновременскиот карактер на својата нуклеарна програма.
Како резултат на преговорите „шесторката“ ќе треба целосно да ги укине санкциите, кои во моментов се воведени кон Техеран, оцени Зариф.