Иран и МААЕ разговараа за проширување на преговорите за нуклеарната програма на Техеран

Од:

Претставници на Иран и на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во Виена разговараа за проширување на преговорите за нуклеарната програма на Техеран.

Средбата се случи еден ден пред обновувањето на преговорите меѓу Иран и шестте нуклеарни сили. По средбата немаше изјави, само портпаролот на МААЕ наведе дека не е договорена дата за нови разговори во тој формат.

Според договорот меѓу Иран и МААЕ постигнат во ноември минатата година Техеран требаше да преземе седум чекори до 15 мај, како и да обезбеди поголем пристап на инспекторите од МААЕ до нуклеарните објекти. Иран тврди дека ги исполнил седумте мерки, но МААЕ бара дополнителна информација за брзодејствувачките детонатори, кои можат да се користат и во воени и во цивилни цели.

Целта на преговорите меѓу Иран и шесте сили во Виена е да се постигне договор со кој Техеран би ја ограничал нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма