Иран, кој е главниот сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад изрази поддршка за планот, предложен вчера од шефот на сириската држава за решавање на кризата во Сирија.
Поддршката беше изразена во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.
Планот од три фази беше претставен во првиот говор на Асад во изминатите седум месеци, кој тој го одржа вчера во Дамаск.