Иран ги отфрли условите на САД за мировна конференција за Сирија

Од:

Иран денеска соопшти дека го отфрла секој евентуален услов за свое учество во неколкупати одложуваната мировна конференција за Сирија, со што практично го отфрли американскиот предлог официјален Техеран да го поддржи воспоставувањето на преодна влада во Сирија.

САД го обвинуваат Иран дека ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад во граѓанската војна која трае повеќе од две години и во која загинаа над 100.000 луѓе. Стејт департментот во понеделникот соопшти дека официјален Вашингтон би бил поотворен кон идејата за учество на Иран на мировната конференција „Женева 2“, чија цел е прекин на сирискиот конфликт и е планирано да се одржи кон средината на следниот месец, доколку Техеран јавно ја поддржи декларацијата од 2012 година, со која се бара воспоставување преодна влада во Сирија.

– Доколку нашето учество е во интерес за изнаоѓање решение, тогаш е неприфатливо да се поставуваат услови за покана на Иран. Ние тоа не го поддржуваме, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Марзиех Афкам.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он