Иран: Едно дете загина, 20 повредени

Од:

Најмалку едно дете загина, а 20 лица се повредени во силниот земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала, кој денес го погоди североисточниот дел на Иран.

Епицентарот на земјотресот бил околу 85 километри југоисточно од Минаб, на длабочина од 36,44 километри, пренесе „Франс прес“.

Според извештаите на иранските медиуми, во потресот се повредени најмалку 20 лица, а неколку куќи се целосно уништени.

Иран се наоѓа на подрачје кое што е подлежно на потреси. Минатиот месец во едно од нив, при земјотрес со интензитет од 7,8 степени, загина една жена, а десетина лица беа повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба