Иран: Четири лица починаа, а 300 се затруени од алкохол

Од:

Четири лица починаа, а околу 300 се затруени со алкохолен пијалок од домашно производство во јужен Иран, соопштија од службата за здравство.

-Девет лица се во кома и го изгубија видот, изјави официјално лице и додаде дека 100 лица се на дијализа бидејќи се затруени од алкохол.

Сите жртви се хоспитализирани во локалните болници во градот Рафсанџан, во јужната провинција Керман.

Во Иран конзумирањето на алкохол е забрането од револуциајта од 1979 година, а престапот е казнив со затвор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он