Иран бара од САД гаранција дека нема да се откаже од нуклеарниот договор

Од:

Иран денеска соопшти дека САД треба да дадат гаранции дека Вашингтон нема повторно да се откаже од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили од 2015 година, доколку успеат преговорите за заживување на договорот.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД, кои беа прекинати во јуни по изборот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, треба да продолжат во Виена на 29 ноември за да се најдат начини за повторно воспоставување на договорот од кој Вашингтон се повлече пред три години и повторно воведе санкции против Иран.

Повторувајќи ја официјалната позиција на Иран, портпаролот на Министерството за надворешни работи Саид Хатибзадех рече дека Вашингтон мора да ги укине сите санкции воведени против Техеран од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој, исто така, додаде дека Вашингтон треба „да ја препознае својата грешка во повлекувањето од договорот“.

САД минатата недела рекоа дека „наскоро“ е можен договор што ќе го спаси договорот за иранската нуклеарна програма по продолжувањето на разговорите на 29 ноември во Виена, под услов Иран да биде „сериозен“ во своите намери.

Суперсилите, кои потпишаа историски договор со Исламската Република во 2015 година за да ја спречат да произведе атомска бомба, инсистираа бараа Иран да одреди датум за враќање на преговарачката маса.

Американците еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година за време на мандатот на Доналд Трамп, кој го оцени како недоволен и повторно воведе санкции кон Иран.

Техеран, пак, постепено се откажа од ограничувањата наметнати на неговата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија