Ирански министер за надворешни работи Мохамед Зариф изјави дека нов состанок со меѓународната шесторка посредници е „неопходен“, по преговорите во Женева, со цел да се постигне договор за иранската нуклеарна програма.
– Се надевам дека до среда ќе успееме да договориме патна карта, но веројатно ќе биде неопходно одржување на нов министерски состанок, објави Зариф на својот „Фејсбук“ профил.
Преговорите во Женева ќе ги предводи заменикот ирански министер за надворешни работи и неговите колеги од петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија.