Иран: Ако се случи конфликт ќе ги „прегазиме“ американските бази

Од:

Доколку нуклеарните разговори не успеат и се случи конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот, изјави денес иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзаде, неколку дена пред планираната шеста рунда иранско-американски нуклеарни разговори.

„Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако преговорите не вродат со плод. Доколку ни се наметне конфликт, сите американски бази се во наш дофат и ние смело ќе ги таргетираме во земјите домаќини“, рече Насирзаде за време на прес-конференција.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе го бомбардира Иран ако не постигне нов нуклеарен договор, објави Ројтерс.

Следната рунда разговори е закажана за оваа недела, при што Трамп изјави дека разговорите ќе се одржат во четврток, додека Техеран вели дека ќе се одржат во недела во Оман.

Се очекува Иран да поднесе контрапредлог на претходната понуда на САД за нуклеарен договор што Техеран ја отфрли, а Трамп во вторникот предупреди дека Иран станува „многу поагресивен“ во нуклеарните разговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време